Отсек за контрола на заразни болести со дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Отсек за контрола на заразни болести со дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Раководител: Д-р. Едита Рамизи, специјалист по епидемиологија

Е-маил:
Тел: 071 955 971

Надлежности

  • Собирање, обработка и анализа на пријавени заразни заболувања и нивни причинители, проценка на ризик и препорачување на мерки, подготовка на извештаи и активности по Националната програма за јавно здравје (НПЈЗ);
  • Рано известување и предупредување преку следење на синдроми на заразни болести (АЛЕРТ- систем);
  • Контрола и евалуација на задолжителната вакцинација, препораки за подобрување на опфатот и постигнување на целите елиминација/ ерадикација на вакцино-превентабилни болести;
  • Одржување на резултатите постигнати со ерадикација на детска парализа преку активен надзор над АФП;
  • Спроведување на активности за елиминација на мали сипаници и рубеола во Р. С. Македонија;
  • Спроведување на вакцинација по епидемиолошки индикации;
  • Рано откривање и одговор на кластери и епидемии предизвикани од заболувања кои се пренесуваат преку храни и вода;
  • Рано откривање и контрола на болнички стекнати инфекции;
  • Превенција на крвно-преносливи заболувања – хепатитис Б и Ц;
  • Воспоставување на систем за превенција и контрола на зоонози и вектор преносливи заболувања;
  • Рана детекција и одговор кон појава на нови и заразни болести кои повторно се јавуваат;
  • Обезбедување на 24/7 тимови за брз одговор во случај на епидемии и кризни состојби;
  • Континуирана здравствено-воспитна и едукативна дејност во врска со спречувањето и сузбивањето на заразните болести;
  • Активности во врска со превенција и сузбивање на КОВИД-19;
  • Активности за испитување на појава, спречување и сузбивање на бруцелоза кај луѓето;
  • Активности за заштита на населението од ХИВ/СИДА;
  • Спроведување, следење и контрола на дезинфекција, дезинсекција и дератизација (превентивна и по епидемиолошки индикации).